follow us

КАКО ДА ЈА ЗГОЛЕМАМ КОНЦЕНТРАЦИЈАТА КАЈ МОЕТО ДЕТЕ?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
Концентрацијата е способност да се фокусира вниманието на една специфична работа, додека сè друго е занемарено и исклучено од полето на свеста. Претставува способност на една личност ефикасно да ги извршува посакуваните задачи, да ги филтрира само потребните информации и да ги неутрализира сите расеаности во морето на информации и стимули.
Повеќето деца имаат потешкотија со концентрацијата. Нивното внимание често се расејува и тие не се во можност долго време да се фокусираат на една тема,  што првично доведува до проблеми со учењето, а подоцна, поради недостаток на концентрација, децата можат да станат целосно демотивирани.

 

1.Обезбедете атмосфера што ја поттикнува концентрацијата.
Местото за игра и учење е од исклучителна важност кога зборуваме за подобрување на концентрацијата. Обидете се да ги минимизирате надворешните влијанија кои што претставуваат дистрактор за вашето дете.
2.Сонот е од исклучителна важност
Квантитетот и квалитетот на сонот е важен и за возрасните и за децата. Повеќето деца кои спијат помалку од потребниот сон според нивната календарска возраст имаат многу ниско ниво на концентрација.
3.Креирајте дневни рутини
Охрабрете го вашето дете секогаш да учи во приближно исто време во текот на денот. Не заборавајте дека детето има потреба од слободно време, кога може само да игра и сонува. Навремено легнување и станување, одржување на хигиенски навики, средување  на играчките и училишниот прибор се навики кои што се од голема поддршка и помош во создавањето на рутина.
4.Важноста на играта
Преку игра, детето спонтано вежба и ги развива сите аспекти на развој-говор и комуникација, социјални вештини, когнитивен развој и развој на моторни вештини, следење на правилата и со тоа развој на концентрација. Одвојте заедничко време со вашето дете за игра и активности, тоа ќе придонесе за зголемување на концентрација. Еве неколку примери:
  •        детално цртање на цртежи со многу детали;
  •         вежба за гледање во една точка/предмет од 15 до 20 минути;
  •         составување на сложувалки;
  •         решавање едноставни мисловни задачи како што се игри за меморија, создавање на приказна  од прикажани слики;
  • игри со асоцијација додека се возите во вашиот автомобил;
  • игри со класификација – од чорапи до категории животни, коцки, овошје или пак зеленчук;
  • aктивности со дактиломоторни вештини (прецизни игри со прсти) – оставете ги да соберат играчки, затвараат и отвараат капачиња, нижат перли, редат коцки, играње во песок, игра со тесто или брашно.
Чест проблем покрај концентрацијата, е и недостатокот на мотивација кај децата. Детето полесно ќе се концентрира и ќе го одржува фокусот на задачата кога е мотивирано. Објаснете му ги на детето причините зошто активностите од тој тип се од голема важност и обидете се да направите привлечни, интересни потребни материјали за игри кои ги зајакнуваат когнитивните способности на детето.

* The published content is for psycho-educational purposes, and for a professional assessment and treatment, contact a professional in the field of mental health.
Mandatory marking of the author and the source, when downloading and quoting the published contents.