следете нè


НАЈГОЛЕМА МОЌ НАШАТА НАШИОТ УМ Е

Неокортекс

Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација

Мисијата на Неокортекс е грижа и третман за менталното здравје на деца, адолесценти и возрасни. Специјализираме во индивидуална, партнерска, семејна-системска, и групна терапија. Психотераписките пристапи кои ги нудиме се Гешталт терапија, ЕМДР терапија (процесирање на траума), Семејна – Системска терапија, терапија фокусирана на емоции (EFT) како и игровна терапија за деца, стимулација и развојна проценка. Нашата главна цел е подигнувањето на свесноста и грижата за себе, правење на позитивни животни промени во насока на психо-физичка добросостојба, здравје и задоволство кај индивидуата, но и работа и поддршка на семејствaта во целост како важен систем од кој потекнува секоја единка.

Специјализации

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија во:

• индивидуален
• партнерски
• семеен и групен сетинг
• игровна терапија со деца и проценка на развојни отстапувања
• психодијагностика и психолошко тестирање
• одредување професионални компетенции кај млади
• личен раст, развој и поддршка при животни одлуки и кризи
• тренинзи и психоедукација на клиенти
• корпоративни обуки за фирми, развoј на вработени
MG_9787-osla04pc6026m8ebr6gtrfnuc7ddzgseq719c8x41a

Ние ќе Ви помогнеме
да имате подобар живот

Каде можеме да помогнеме

Нашата работа опфаќа психолошко советување и психотерапија при

• Анксиозни растројства, фобии и панични напади
• Прифаќање на сексуален идентитет и ориентација, coming out процес (LGBTIQ+)
• Развојни отстапувања и дисхармонија кај деца (дискалкулија, дисграфија, диспраксија, дислексија...)
• Социјална анксиозност, срамежливост и ниска самодоверба
• Депресивни растројства и постпартална депресија
• Процес на тагување при загуба
• Зависности
• Опсесивно-компулсивно растројство
• Растројства во спиењето
• Растројства во однесувањето и поведението кај деца и адолесценти
• Прекин на партнерство и развод на брак
• Развој на емоционална интелигенција
• Училишни потешкотии кај школски деца
• ADHD, АDD
• Аутизам
• Прифаќање и справување со медицински состојби и хронични болести (ретки болести)

Како да закажам?

Се закажува телефонски во работното време од 10-20ч, од понеделник до сабота

Нашиот тим
Основач и директор

М-р Ивана
Хаџиванова

Психолог, Гешталт и ЕМДР Психотерапевт, Семеен-Системски советник и Супервизор

Знаењето од психологијата на човекот го употребува и во креирање и одржување на организациски и корпоративни обуки и тренинзи за фирми и големи компании, со цел унапредување на целокупното работење, перформанс и личен раст и развој на вработените, како и превенција и третман на менталното здравје.

М-р Александра Стојановска

Психолог, Семеен-Системски советник

Магистер по клиничка и советодавна психологија, и член на Етичкиот одбор при Комората на психолози на РСМ.
Во своето професионално искуство вбројува многу реализирани проекти. Искуството и знаењето како психолог-фацилитатор, го пренесува и во спроведување на тренинзи и обуки за фирми и компании, со цел подобрување на перформансот кај вработените и целокупното организациско функционирање.

Моника Кочовска

Специјален едукатор и рехабилитатор, едукант по Семејна-системска психотерапија

Моника Кочовска е дипломиран специјален едукатор и рехабилитатор и едукант на семејна и системска психотерапија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи развојни процени, рана интервенција, индивидулани третмани, работа во групи, развојна стимулација, терапија со игра за деца, поддршка и насоки на родителите.

Ирина
Николовска

Психолог, Гешталт психотерапевт под супервизија

Во својата пракса има работено и поддршка со кризно советување на жени жртви на семејно насилство, третман на деца и млади со отстапки во развој (со фокус на аутистичен спектар на нарушување), родители, како и работа со деца без родители и родителска грижа.

Хана
Мемеди

Психолог, едукант во Семејна-Системска психотерапија

Хана Мемеди, психолог, семеeн-системски советник. Во склоп на Неокортекс Центарот работи индивидуални, партнерски, родителско и семејно системско советување и психоедукација.

Верица Бакулеска Психолог

Психодрама и Гешталт Психотерапевт под супервизија

Верица Бакулеска е лиценциран психолог, и Психодрама и Гешталт психотерапевт под супервизија. Во склоп на Неокортекс центарот, работи психолошко советување, психоедукација и психотерапија применувајќи ги гешталт и психодрама пристапите.

Најнови објави

Совети за деца

Психолошка отпорност кај девојчињата

Како да ја градите психолошката отпорност кај адолесцентите, од позиција на родител? Психолошката отпорност би можела да се дефинира како способност да се продолжи пред

прочитај повеќе >
Брак и семејство

Физичко и емоционално насилство

Невидливи рани кај жената – Како да ги препознаете и надминете последиците од емоционалната и физичка злоупотреба во врските? Првата работа која е неопходна за

прочитај повеќе >
Ментално здравје

Дистрес во дигиталната ера – Какво е влијанието на социјалните мрежи врз самодовербата и менталното здравје на жените од сите возрасти

Во ова време на константна конектираност и дигитална интеракција, социјалните медиуми станаа составен дел од нашите животи, поврзувајќи нѐ со пријателите и семејството, обезбедувајќи ни

прочитај повеќе >

Испратете ни порака