Што претставува АДХД?
АДХД е една од првите работи за кои се сомневаме кога однесувањето на детето на час или перформансите на училишните задачи е проблематично. Дете кое не може да седи мирно, кое дава одговори на час без да крева рака, кое не ја завршува домашната работа, и се чини дека мечтае кога наставникот дава упатства, се однесувања кои најчесто се поврзуваат со АДХД. Претпазливоста е од есенцијална важност во донесувањето на заклучок дека станува збор за АДХД, затоа што ваквото однесување може да биде резултат на други фактори, од анксиозност до траума, или едноставно да станува збор за најмлад ученик во одделение со самото тоа и развојно помал.
Карактеристики на АДХД
Постојат три вида на однесување вклучени во АДХД: недостиг на внимание, хиперактивност и импулсивност. Потребно е да се има во предвид дека повеќето деца повремено имаат потешкотија да го одржат и насочат вниманието кон своите наставници и родители, да останат на своите места и да го чекаат својот ред. За АДХД зборуваме кога однесувањето се движи во големи екстреми во овие области за ралика од другите деца на нивна возраст. Некои деца покажуваат претежно невнимателно однесување, а други претежно хиперактивно-имуплсивно. Голем број од децата со АДХД имаат комбинација на симптоми од овие две групи, што дополнително го отежнува секојдневното функционирање.
Симптоми на недостиг на внимание кај деца со АДХД:
-
тешко следи упатства;
-
има проблеми со организирање на задачи и работен простор;
-
не обрнува внимание на детали, прави неповрзани грешки при извршување на училишните задачи;
-
лесно се откажува;
-
изгледа како да не слушна кога директнo му се обраќате на детето;
-
избегнува задачи за кои што е потребен постојан ментален напор, вклучувајќи и домашна работа;
-
често губи тетратки, книги, јакна, спортска опрема, ранец додека е на училиште;
Симптоми на хиперактивност кај деца со АДХД:
-
нервозен и загрижен додека седи;
-
не може да предвиди опасност;
-
секогаш се чини дека е „во движење“ како да е „управувано од мотор“;
-
често имаат потешкотија доколку треба мирно и тивко да се вклучат во некоја игра или активност;
-
трчаат и се качуваат на предмети што ги изложува во голема опасност;
-
црта наоколу, допира или си игра со нешто од негова близина;
-
често тресење со рака, нога или постојано вртење кон другите деца во училница;
Симптоми на импулсивност кај деца со АДХД
-
дава одговори пред да се постави целосно прашањето;
-
екстремно нетрпелив, едвај чека да дојде на ред;
-
постојано прекинува разговори или други активности;
-
коментира несоодветно, ги покажува своите емоции без воздржаност;